Кардиналот Џорџ Пел осуден е во Австралија поради сексуално злоставување на два малолетни лица, соопшти денеска судот во Мелбурн.
Пел (77), третиот човек во Ватикан, осуден е во декември минатата година поради сексуална злоупотреба на две 13-годишни момчиња во 90-тите години од минатиот век, но судот до денеска забрануваше да се објави пресудата.
Осудениот тврди дека е невин и оти ќе поднесе жалба на пресудата.
Предвидено е судот утре да ја изрече казната за кардиналот Пел.
Папата Франциско во декември го отстрани Пел од својот неформален кабинет составен од тројца кардинали, од кои едниот беше Пел.