Мурињо ги кажа условите под кои би се вратил на тренерската работа

232
ФОТО: EPA / NIGEL RODDIS

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, е подготвен да се врати на работа. Сепак, според него, за да се случи тоа треба да се исполнат одредени услови.

– Не сакам да работам во клуб без амбиции. Јас одбив дарежлива понуда, бидејќи сакам да учествувам во фудбалот од највисоко ниво и моите амбиции се многу високи. Ова е второ барање – изјави Португалецот за англиските медиуми.

Првото е, во тимот да имам истомисленици. Сакам да работам со луѓе што ги сакам, со оние со кои уживам да работам и да споделувам идеи. Не сакам да бидам во постојан конфликт на мислења, додаде Мурињо.

Запрашан дали постои таков клуб, тој одговори:

– Да. Така беше во Интер. Постојат такви клубови. Ова е многу важно за успех.

Во својата кариера тренерска Мурињо ги предводеше: Бенфика, Леириа, Порто, Челзи во два наврата, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

ФОТО: EPA / NIGEL RODDIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...