Заев ќе оди на Виенски бал

424

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц в четврток во Виена ќе му биде домаќин на премиерот Зоран Заев на главниот насатан во сезоната на балови во Австрија, „Oпернбал“.

Курц, на „Oпернбал“ како свој гостин го повикал Заев, пренесува агенцијата АПА.

Вицеканцеларот Хајнц Кристијан Штрахе, пак, на „Oпернбал“ ги повикал шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, и унгарскиот министер, пишува „Танјуг“.

Од кабинетот на канцеларот објасниле дека причина за поканата на Заев на „Опернбал“ првенствено е договорот постигнат со Грција за името на државата, како и во фокусот на австриската надворешна политика кон Западен Балкан.

Заев ќе биде единствениот гостин на канцеларот, а тие ќе имаат и билатерална средба пред „Oпернбал“.

Фото: EPA/Gindl_Barbara

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...