Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер.
Температурата денес ќе се движи од минус 10 до 14 степени. Во Скопје од минус 4 до 12 степени.
До петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, освен утре кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Повторно зголемување на облачноста со локални врнежи се очекува за време на викендот.