АМСМ: Внимателно на патиштата има кашест снег

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

110
20130626 Wednesday 1555 AMSM Zgrada Vozilo LOgo

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои од повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат, соопшти АМСМ

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...