Мухамед Зеќири вечерва се вклучи преку линк во живо во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде дебатираше со пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими.
На прашањето на водителот Фатмир Алиу, дали ќе останат во коалиција со ДУИ, Зеќири рече:
– Вечерва поради обврски на Владата се одложи партискиот состанок. Се надевам утре или наредните денови ќе се одржиме партиски сотанок на кој би требало да разговараме и на оваа тема. Бројките ја прават Владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на Влада и без ДУИ и тоа е опција, зошто да не! – рече вечерва Мухамед Зеќири во „Click Plus“ на ТВ21.