На крај на умот, како професор по Уставно право, не ми е да речам дека ќе го поништам или укинам Преспанскиот договор – таа надлежност му припаѓа на Уставниот суд, но нашиот Уставен суд е неуставен и ужива во комфорот на Вардар, рече професорката Гордана Силјановска, кандидат за претседател на државата вечерва во „Само вистина“ на Канал 5.
– Новото име од аспект на правото ми е неприфатливо решение и доколку победам ќе формирам комисија што ќе се занимава со тоа и ќе укаже на правните недоследности согласно меѓународното право – објасни Силјановска.