Педесеттина луѓе се собрани на протестот пред Собранието каде Маја Трпковска, мајката на Пинета Секондо (26) кој исчезна на 10 декември бара одговори од МВР каде е нејзиниот син, јавува порталот 24 инфо.
Таа ги повикува сите кои имаат некој близок кој исчезнал без трага и глас и сите граѓани кои живеат во страв за својата безбедност, по сите овие зачестени исчезнувања на луѓе, да излезат да ѝ се придружат.