Зеќири: Лага е дека сум го навредил и пцуел Џафери

1014

Дали се калкулирало синоќа или не, претседателот Џафери мора да одговори, а не да калкулира како што тоа го направи на прес-конференција, порача Мухамед Зеќири, пратеник и потпретседател на СДСМ откако претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека седницата за имунитетот на Трајко Вељановски ја прекинал поради  Зеќири кој го нарушил редот во парламентот.

– Неточни се тврдењата дека имало навреди и пцости кон претсдателот. Тој е искусен пратеник, знае да менаџира и со потензични седниции. Јас побарав од Џафери пред полноќ да го прочита заклучокот за да може да гласаме, но очигледно Џафери чекаше да помине полноќ, а потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа задоволни. Негова должност беше да овозможи да се гласа пред полноќ – изјави Зеќири.

За натамошните чекори со коалицијата, Зеќири рече дека ќе ги кажат откако ќе разговараат во партијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...