Јанкулоска бара повторно да ѝ се суди за мерцедесот

355

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска пред Апелациониот суд во Скопје, побара судиите од второстепениот суд внимателно да ја разгледаат нејзината жалба за пресудата од шест години затвор во „Тенк“ за набавката на блиндираниот мерцедес и да го вратат предметот на повторно одлучување.

Таа истакна дека судот не бил арбитер во овој процес туку се ставил во функција на СЈО.

-Обвинението произлезе од кривично-правен настан кој се стави во функција на политичка кампања за промена на функционери меѓу кои и јас, како и за смена на Владата – рече Јанкулоска.

И таа и нејзините адвокати се повикуваат и на праксите на Европскиот суд за човекови права.

Апелација може да ја потврди одлуката на Кривичен од шест години затвор, може да ѝ ја намали казната или да го врати предметот на повторно одлучување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...