Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски?!!!.. напиша на Фејсбук Мухамед Зеќири пратеник и потпретседател на СДСМ, откако синоќа претседателот на Собранието Талат Џафери не го стави на гласање барањето за одземање на имонитетот на Вељановски.
– Го СПАСИЈА за да ги „СПАСИ” некогаш ВМРО нив или …???…
Народот вели: „Во секое ЗЛО за добро” … Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.
И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: „Ако не се срамиш, прави што сакаш”, напиша Зеќири.
П.С:
ДУИ 2014 = 153.000
ДУИ 2016 = 86.000
ДУИ 2019 = …