Судењето за предметот „Тврдина 2″ на Специјалното јавно обвинителство во кој првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК, е одложено за 5 април.
Судијката Елена Илиевска Јосифовиќ ја одложи денешната расправа поради недоставената пресуда на Врховниот суд на Грција од страна на Министерството за правда на Северна Македонија.
На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.