Во прекин е снимањето на „жешки“ филмови во Европа откако е откриено дека 45-годишниот Начо Видал, познат шпански порно глумец, има ХИВ.
Заразениот по последното тестирање, кое е задолжително за вработените во филмската индустрија за возрасни, имал секс без заштита со најмалку девет колешки.
Страв кај глумците
Прекинот на снимање на вакви филмови е вообичаена процедура во случај кога ќе се утврди дека некој глумец има ХИВ. Прекинот трае еден месец, за кој сите вработени мажи и жени мораат да се тестираат за индустријата да продолжи со работа. Дури и оние кои не работеле со Видал ќе мора да се тестираат на сите сексуални преносливи болести.
– Начо Видал е тестиран на една од најдобрите клиники во Барселона и неговиот резултат е позитивен – пренесе шпанскиот Насионал, кој прв ја објави веста дека глумецот е инфициран.
Новинарите од овој медиум се обиделе да земат изјава од Вадал, но тој не бил расположен за разговор.
– Не знам од каде ви е информацијата дека сум заразен. Тоа е неумесно прашање. Ништо повеќе не сакам да кажам – рекол тој.
Здравствените служби во Шпанија ги повикале сите порно глумици кои имале секс со него да се тестираат.
Наводно, Видал токму на Денот на вљубените дознал дека е ХИВ позитивен.
Чешката порнографска агенција „Никис моделс ејџенси“ објави дека во наредните два месеца нема да снимаат нови филмови, бидејќи безбедноста на глумците им била на прво место. Слично реагирале и неколку продукциски куќи од Унгарија.
Откако ќе помине рокот од месец дена, сите вработени ќе мора да достават два негативни ХИВ тестови пред повторно да почнат да снимаат.
ФОТО: Курир.рс