Британската полиција отвори истрага за убиство на млад талентиран боксер, кој починал откако бил нападнат вчера околу 1.30 часот.
Како што пренесува „Мирор“, Конор Браун бил опишан како мошне добро момче, кое не би згазнал ни на мравка.
Осумнаесетгодишниот тинејџер им подлегнал на повредите во болницата, а еден осомничен е приведен.
– Конор го познавам десет години. Тој беше прекрасно мало момче кое секогаш се смееше. Сите го сакаа – изјавила негова пријателка.
ФОТО: Мирор