Села: Дали Талат е продолжена рака или фатена опашка?

4343

Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат, напиша на Фејсбук Зијадин Села, пратеник и лидер на Алијанса за Албанците, по бураната собраниска седница која претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина и немаше гласање за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на парламентот Трајко Вељановски.

– Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат. Замислете го човекот кој беше избран за претседател на Собранието на бурен начини, денес „наводно„ под изговор дека нема услови спречија да му се одземе имунитетот на Трајко Вељановски. Дали станува збор за еден глас или се крие нешто многу повеќе, вклучително и 27 април (за што Вељановски има многу да открие) што го принуди шефот на ДУИ да го направи синоќешното сценарио?

П.С: Дали е продолжена рака, или фатена опашка, напиша Села на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...