Актерот Рами Малек, кој на синоќешните награди доби Оскар за толкувањето на Фреди Меркјури во „Боемска Рапсодија“, веднаш по церемонијата паднал и му била пружена помош од медицински лица, пренесува „E! News“.
Оскарот за најдобра актерка го зеде Оливија Колман за улогата во филмот „Миленичка“, а наградата за најдобар филм отиде кај „Зелена книга“, вистинска приказна за црн пијанист, во режија на Питер Фарели.
Листата со победници можете да ја погледнете тука.
ФОТО: E! News