Кепа: Го почитувам тренерот, жалам за недоразбирањето

318
ФОТО: EPA / NIKLAS HALLEN

Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага се огласи по синоќешниот инцидент кога одби да го напушти голот по барање на тренерот Маурицио Сари. Во финишот од финалето на Лига купот против Манчестер сити, италијанскиот стручњак побара Кепа кој претходно се жалеше на повреда да биде сменет, но младиот Шпанец не ја испочитува одлуката на Сари. Тоа предизвика без кај тренерот кој во еден момент тргна кон соблекувалните, но сепак се врати на клупата за резервни играчи.

Потегот на голманот наиде на остри осуди од фудбалската јавност низ целиот свет, но Кепа има објаснување за целата ситуација.

– Жалам што не го освоивме трофејот. Исто така жалам поради начинот на кој се заврши натпреварот. Сакам да објаснам дека во прашање е недоразбирање. Сари сакаше да ме смени мислејќи дека сум повреден. Јас сакав да му објаснам дека сум во состојба да бранам. Целосно го почитувам тренерот и неговиот авторитет – изјави голманот на Челзи.

Натпреварот заврши со победа на Манчестер сити на пенали со 4:3.

ФОТО: EPA / NIKLAS HALLEN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...