Димовски предупредува: Оваа седница е неразумна и отвора простор за злоупотреби!

1060

Пратеникот Илија Димовски вечерва на пленарната седница, на која се расправа за имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски, оцени дека кога нема предлог заклучок или одлука од Комисијата за имунитетно мандатни прашања, тогаш нема точка на дневен ред.

Оттаму, според Димовски вечерашната седница е неразумна и неприфатлива, настрана што остава простор за злоупотреби во иднина.

– Досега Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и останатите комисии донесувале одлуки кои биле доставени до Собранието. Овој пат се вели дека Комисијата не зазема став по барањето за одземање на имунитетот на Вељановски. Што ќе стави сега Џафери на гласање ? Оваа седница е неразумна и неприфатлива. Ако Џафери се држи до Деловникот и до воспоставената правна пракса треба да ја донесе ситуацијата до иронија и да каже „го ставам на гласање фактот дека комисијата не зазема став по барање за одобрување притвор. Ако се гласа „за“ не знам што ќе значи тоа, не би знаел што ќе значи и гласот „против – рече Димовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...