Нов влажен бран во Македонија, од среда затоплување

Во првите два дена од следната недела ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 5 до 12 степени.

616
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Почнувајќи од утре на пладне Македонија ќе ја зафати влажен бран со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

Како што информираат синоптичарите, врнежите ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови, особено во западните и југоисточните делови, каде локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи. На места ќе наврнат околу 20л/м2 воден талог, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во првите два дена од следната недела ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Во вторник ќе има услови за појава на грмежи. Дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 5 до 12 степени.

Потоа следува период на стабилно и суво време со значителен пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...