Централниот одбор на ЛДП денеска донел акламативна одлука, доколку партијата одлучи да настапи самостојно на претстојните претседателски избори, нејзин кандидат да биде професорот д-р Никола Пановски.
Централниот одбор на ЛДП одлучи конечната одлука за начинот на настап на партијата на претстојните претседателски избори, дали ќе поддржи заедничко решение или ќе настапи со својот кандидат, да ја донесе новоизбраниот Извршен одбор на ЛДП во текот на следната недела.
„Доколку настапи самостојно, ЛДП преку својот кандидат нуди решение кое со својот интегритет, професионалност, чесност и искуство поткрепено со меѓународното влијание на ЛДП во европски и светски рамки ќе биде достоен претставик на сите граѓани на Македонија“, информира ЛДП.