Казнети 31 возач за неплаќање на патарина, меѓу нив и полицајци

229

Девет вработени во МВР и 22 граѓански лица, биле санкционирани оти не платиле патарина. Полицајците ја злоупотребиле службената легитимација, а останатите на различни начини одбегнале да платат.

Како што соопшти МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со сообраќајната полиција и Државниот инспекторат за транспорт во петокот во периодот од 15 до 18 часот на дел од наплатните станици во Република Северна Македонија изврши контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина.

Од страна на Државниот инпекторат за транспорт изречени се глоби во висина од 200 евра, а против полициските службеници кои ги злоупотребиле службените легитимации ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...