Делчев Тодев: Ги нема ветените чизми за сите полицајци

Делчев смета дека министерот Спасовски добива лажна слика од неговите соработници за состојбата на полицајците и нагласува дека нема тоа да се дозволи.

305

МВР тапка во место и не превзема ништо освен празни муабети да ги подобри условите на македонскиот полицаец, констатираше денеска на прес-конференција претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев нагласувајќи дека синдикатот го губи трпението поради, како што рече, хаосот кој се случува во МВР.

Според Делчев, Синдикатот смета дека интервјуто на министерот Оливер Спасовски за телевизија Телма на кое кажал дека МВР имала одлична соработка со синдикатот, тоа не било точно бидејќи комуникацијата им била само со достава на барања од НСП.

Делчев смета дека министерот Спасовски добива лажна слика од неговите соработници за состојбата на полицајците и нагласува дека нема тоа да се дозволи. Од синдикатот го повикаа министерот на терен да се увери дека не се поделени чизми за сите полицајци како што тој изјавил, туку дека само една третина имаат добиено нови обувки.

Од НСП испратија повеќе прашана до министерот на кои тој не одговорил во интервјуто, а меѓу нив прашања и тоа дали со првиот ребеланс на Буџетот ќе има покачување на платите во МВР, до кога полицајците со стаж од 2-3 години ќе водат полициски одделенија или цели станици…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...