Четворица се степале, двајца завршиле со расекотини

181

Околу 21 часот вчера во полициската станица Ресен било пријавено дека во ресторан на ул.„Јосиф Јосифовски“ настанала физичка пресметка помеѓу Б.О.(21), Л.А.(46), Т.Р.(33), од една страна и Р.Д.(51), од друга страна, сите од Република Албанија, кои работеле во Ресен.

Според пријавата, во еден момент тие излегле надвор пред објектот, каде Р.Д. на Л.А. со нож му нанел убодни рани, а на Т.Р. расекотина.

Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на местото на настанот. На лицата им била укажана медицинска помош во болницата во Битола, а потоа Б.О., Т.Р. и Р.Д. биле лишени од слобода и задржани во полициската станица Ресен, а Л.А. бил задржан на лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...