Причината поради која пратеникот од ДУИ Агим Шаќири по паузата во 21 часот не се појави на мандатно-имунитетната комисија е влошување на неговата здравствена состојба по што завршил на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, објави Макфакс.
Инаку, поради отсуството на пратеникот од ДУИ, односно од владејачкото мнозинство, собраниската комисија со четири гласа „за“ и четири гласа „против“ вечерва не изгласа да му предложи на Собранието да му се симне пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, за кого судија на претходна постапка побара притвор.