Граѓанските здруженија и денеска протестираа против загадениот воздух и побараа институциите да преземат итни мерки.
Од Здружението „Канцерогено општество” велат дека очекуваат Владата да закаже седница на која ќе предложат мерки кои ќе дадат резултат на долг рок.
Според нив институциите до сега покажале дека не се заинтересирани да го решат проблемот.
Скопје и изминатава недела беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот.