Професорката Гордана Силјановска преку видео порака на Фејсбук информира дека се собрани потребните 10 илјади потписи за нејзината кандидатура за претседател.
-Тукушто дознав дека за многу гусо време, за рекордни неколку часа се собрани потребните 10 илјади потиси. Со тоа јас официјално ќе станам кандидат за претседател на Република Македонија. Немам зборови со кои би ја изразила благодарноста. За мене ова е како во рациновата песна, силно светнал ден. Ова е денот кога ја започуваме битката за право и правда во РМ, од срце ви благодарам- изјави Силјановска.
Професорката Силјановска ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ со што официјално најголемата опозициска партија застана зад неа за претстојните претседателски избори. Тогаш таа рече дека ќе собере и 10.000 потписи за да ја оправда довербата на професорите на УКИМ кои застанаа зад нејзината кандидатура.
&