„Не е вест кога куче ќе касне човек, туку кога човек ќе касне куче“. Во Штип се случи вест, се случи чудо, штипјанец успеал да ограби извршител.
Според полиција штипјанецот К.К. кој работи како административен работник кај извршител успеал од сметката на друг извршител за две години да украде 1.425.956 денари (над 23.000 ерва). Тоа лесно го сторил бидејќи неговиот работодавач управувал со сметката на сега ограбениот извршител.
Полицијата соопшти дека штипјанецот од сметката на извршителот прво парите ги уплаќал на сметките на шест роднини, а потоа на банкомат ги вадел.
Полицијата поднесе кривична пријава против него.
На социјалните мрежи веќе се прават вицеви за оваа кражба, дури некои одат дотаму што пишуваат, „веднаш за претседател“,други пак „рацете да ти се позлатат“, што пак е резултат на гневот на народот кон извршителите.