Изет Зеќири можен претседателски кандидат на Села и Касами

Дали Села и Касами ќе истрчаст со заеднички кандидат пресудно ќе биде и дали ДУИ на изборите ќе оди со свој кандидат.

1062

Академик Изет Зеќири е можниот кандидат за претседател доколку Алијанса за Албанците и Беса ја oдбијат понудата на премиерот и претседател на СДСМ за консензуален кандидат за шеф на државата вели за Плусинфо висок функционер на Беса.

На Централното претседателство на Беса кое се одржало синоќа велат дека го овластиле претседателот Билал Касами да продолжат преговорите со лидерот на Алијансата Зијадин Села за изнаоѓање заеднички кандидат за претседател на државата. Од партијата брифираат дека ова не значи и целосно отфрлање на понудата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на изборите да одат со заеднички кандидат, но како што велат, се ќе зависи од понудата што ќе биде ставена на маса.

Дали Села и Касами ќе истрчаат со заеднички кандидат пресудно ќе биде и дали ДУИ на изборите ќе оди со свој кандидат. Во тој случај Алијансата и Беса дефинитивно во изборната трка ќе одат со Зеќири.

Според партиски информации, доколку Заев го предложи за кандидат Стево Пендаровски можно е Алијансата и Беса са застанат зад него, но не и ако понудата е тоа да биде Никола Димитров за кого имаат резерви врзани за неговото минато во ВМРО ДПМНЕ и за Рамковниот договор. Од таму брифираат дека и при опцијата да одат со Зеќири, во вториот изборен круг би го поддржале Пендаровски за претседател, но не и Димитров.

Од друга страна и ДУИ сѐ уште калкулира дали ќе оди со свој кандидат или ќе застане зад заеднички со Заев.

Математиките се дека, ако поддржат заеднички кандидат тоа нема да биде безусловно особено ако еден ид кандидатите е актуелен министер. Во таков случај Али Ахмети ќе бара тоа министерство да и припадне на ДУИ. Тоа би се случило, ако понудата на Заев е некој од министрите како Димитров, Оливер Спасовски или Радмила Шеќеринска.

Доклку Ахмети истрча со свој кандидат големи се шансите тоа да биде Талат Џафери.

Изет Зеќири е дописен член на Македонската академија на науки и ументости (МАНУ) од 2015 година и редовен професор на Факултетот за бизнис и економија во Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...