Тројца се повредени откако се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје .
Несреќата, како што соопшти полицијата, се случила на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе каде што возилото излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска Река.
„Со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П.Ј.(25) од Скопје, А.М.(21) од Куманово и Х.И.(20) од Скопје. Со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.