Земала поткуп за издавање потврди за положен испит и заработи кривична

Поранешна шефица на кабинет на Дирекцијата за заштита и спасување–Скопје заработувала на сметка на Диркецијата.

537

Вработена во Дирекцијата за заштита и спасување–Скопје заработи кривична пријава за незаконско издавање на овласување за одржување и сервисирање на противпожарни апарати и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари. Таа издавала и потврди за положен стручен истит на повеќе вработени лица.

Како што соопшти МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против М.Х (47) од Скопје вработена како шеф во кабинетот на Дирекцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

M.X. во 2008, 2013, 2014 и 2015 година спротивно на членовите 45, 46 и 47 од Законот за пожарникарство, изготвила и издала „Овластување за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати“ и „Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси“ на правни лица од Гевгелија и Валандово. М.Х. издала и Потврди за положен стручен истит на повеќе физички лица вработени во правните лица.

Услов за стекнување на овластувањата и потврдите бил да и биде даден паричен надомест. Дел бил уплатен на нејзина сметка, а дел и бил даден на рака. На тој начин М.Х. се стекнала со материјална корист, а на штета на Дирекцијата за заштита и спасување Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...