Непрофитната организација Корпорацијата за доделени имиња и броеви (ИЦАНН), која е задолжена за одржување на базите на податоци и обезбедување стабилно и сигурно работење на интернетот, предупреди на појава на досега не видени кибер напади врз „клучни делови“ на интернет инфраструктурата и апелираше на посериозна заштита.
ИЦАНН соопшти дека има „постојан и значителен ризик“ за безбедноста на клучните делови на интернет инфраструктурата, кои се однесуваат на домејн адресите во целиот свет.
Според организацијата, нападот се состои од „неовластени промени на адресите и имињата на домејните од адреси на машини контролирани од напаѓачите“.
– Тие ја напаѓаат самата интернет инфраструктура. И во минатото имаше слични напади, но ништо од тоа не беше слично на ова што се случува сега – изјави главниот технички директор на ИЦАНН, Дејвид Конрад.
Тој не посочи од каде доаѓаат кибер нападите врз интернет инфраструктурата.