Штипјанец пренасочил 1,5 милион денари од извршител на сметки на роднини на шефот

802

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против К.К.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во периодот од 11.01.2016 до 17.10.2018 година пријавениот, како административен работник кај извршител, од трансакциската сметка на друг извршител, со која располагал неговиот работодавач, префрлил 1.425.956 денари на трансакциските сметки на шест лица, кои се во родниниски врски со истиот.

Потоа, од банкомат со нивни платежни картички ги повлекувал паричните средства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...