Јужна Кореја мора да примени драстични мекри за да спречи работохоличарската култура целосно да ја обеземе земјата, и поради тоа властите во Сеул најавија нова иницијатива. Се предвидува сите компјутери да се исклучуваат во петок во 20 часот со цел да се натераат вработените навремено да ги напуштат работните простории.
Оваа држава е една од земјите со најдолги работни часови. Владините службеници, просечно во текот на годината работат 2.739 часа.
Сеулските власти информираа дека иницијативата ќе трае три месеци, а почнува на 30 март. Планот се состои од три фази, со тоа што компјутерите прво ќе се исклучуваат во 20 часот, потоа во 19.30 и на крајот во 19 часот.
На почетокот на месецот, јужнокорејската Влада донесе закон со кој бројот на максимални работни часови неделно е намален од 68 на 52.