УЕФА со дисциплинска постапка против Лацио за расизам

52

Европската фудбалска федерација ќе го испита расистичкото однесување на играчите на Лацио во вториот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на Европа со Севиља (0:2), објави официјалниот сајт на организацијата.

Забележано е дека случајот ќе биде поднесен на разгледување на состанокот на Комитетот за етика на УЕФА, кој ќе се одржи на 28 март.

Севиља стигна до 1/8 финалето од второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа, каде што ќе се сретне со Славија од Чешка.

Натпреварите со тимот од Прага ќе се одржат на 7 и 14 март, прва на домашен терен ќе игра Севиља. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...