Заменик-претседателот на Надворешно-политичкиот одбор на Горниот дом на рускиот Парламент, Андреј Климов денеска изјави дека Русија е подготвена да го брани својот интерес на Арктикот и покрај напорите на САД за контрола на тој регион.
– Некои земји мислат дека Арктикот е слободен за секого и дека тие треба да го контролираат, што значи: „Ако е слободен тогаш е наш“. Ние ги имаме нашите Вооружени сили за да ги заштитиме нашите легитимни интереси, рече Климов.
Тој додаде дека постојат меѓународни правила со кои е регулирано користењето на копното и морето на Арктикот.
– Ние одамна докажавме, од аспект на геологија и географија, кои области на земја и море гравитираат кон Руската Федерација, рече Климов.
Тој, исто така, потсети дека Русија на далечниот север поседува воени единици со кои може да ги заштити своите права.