Кривична за газда на аптека од Куманово за пуштање во промет штетни средства за лекување

Пријавениот знаел дека наведениот опијатен аналгетик е штетен по здравје на пациентите бидејќи влијаел на психофизички способности и со негово користење се создава зависност а најчесто е употребуван од зависници на опијати. Инаку, при продажба по малопродажна цена од 83 денари за вкупно 117.995 кутии би се остварил промет од 9.793.585 денари денари или приход од 2.475.312 денари

733

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе две кривични пријави против лицето А.И.(45) од Куманово за сторени продолжени кривични дела – “злоупотреба на службена положба и овластување“, “производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“, и “даночно затајување“, како и против приватна здравствена установа-аптека ШЕНДИ-ФАРМ за сторени продолжени кривични дела – “производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“ и “даночно затајување“.

Имено во период од 18.02.2015 година до 29.12.2015 година, како и од 14.01.2016 година до 24.12.2016 година А.И како сопственик и управител на Приватна здравствена установа-аптека ШЕНДИ-ФАРМ, во два наврати од Друштво за трговија на големо и мало веледрогерија ГЕО-ФАРМ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово набавил прво 39701 кутии опијатен аналгетик Tramadol во вкупен износ од 2.404.621,оо денари, а потоа уште 78294 кутија од истиот опијатен аналгетик во вкупен износ од 4.913.652,оо денари, а сето тоа по големопродажна цена за кутија од 57,59 денари по кутија со намера да ги препродаде по многу повисока цена (во малопродажба по цена 83 денари за кутија).

Притоа, набавените количини воопшто не ги прикажал во материјалното книговодство, ниту во 2015 ниту во 2016 година, не ги внел во книговодствена евиденција а воедно продажбата на наведената количина не ја извршил преку својата аптека, бидејќи знаел дека овој вид опијатен аналгетик се продава задолжително со рецепт издаден од специјалист.

Истовремено пријавениот знаел дека наведениот опијатен аналгетик е штетен по здравје на пациентите бидејќи влијаел на психофизички способности и со негово користење се создава зависност а најчесто е употребуван од зависници на опијати. Инаку, при продажба по малопродажна цена од 83 денари за вкупно 117.995 кутии би се остварил промет од 9.793.585 денари денари или приход од 2.475.312 денари со што би избегнал плаќање на данок од 5% од продадена кутија како и целосно плаќање на данок а на штета на Буџетот на РСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...