Секторот за внатрешни работи-Штип вчера при спроведената акциска контрола на патиштата во источна Македонија од сообраќај исклучила девет автобуси или комбиња, што вршат јавен превоз на патници, а на истите им се издадени и девет прекршочни патни налози.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во акциската контрола биле контролирани 80 автобуси и други возила кои пренесуваат патници.
– Шеесет и две возила се упатени во станица за технички преглед. При контролите, констатирани се неправилности, односно кај шест е утврдена неисправност на уред зазапирање, кај две неисправен уред за управување, додека кај еден неисправни останати уреди. Преземени се вкупно 18 мерки по горенаведените прекршоци, односно деветсе исклучени од сообраќај и издадени се девет прекршочни платни налози. Санкционирани се и 33 останати прекршоци, вели Панајотова.
Таа истакна дека и во наредниот период ќе имаат ваква акциска контрола низ патишта во источна Македонија.