ДСЗИ со вонреден надзор во ГОБ „8 Септември“ за пациент донесен во тешка состојба  

1231

На ден  21.02.2019 година, во Градската општа болница „8-ми Септември“  Скопје во Ургентниот центар беше донесен пациент во тешка здравствена состојба, и во врска со тоа го даваме следното соопштение:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај. Сите потребни информации и податоци се дадени на инспекторскиот тим. Во интерес на расчистување на евентуалните пропусти, Ве молиме за разбирање, а конкретни информации ќе добиете од ДСЗИ и Министерството за здравство, информираа денеска од болницата.

Надзорот е за пациент кој  претходно бил опериран во приватна болница, а потоа бил префрлен во ГОБ  „8-ми Септември“, каде синоќа починал.

Се врши инспекциски надзор и во таа приватна болница, каде на пациентот му била извршена интервенција на хемороиди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...