Вељаноски: Покренуваат обвинение како да сум терорист, а не сум направил ништо против законот

377

Пратеникот Трајко Вељаноски денеска пред пратениците на Комисијата за мандатно имунитетни прашања ги образложи причините зошто се товари за терористичко загрозување на уставниот поредок, поради што Обвинителството побара да биде притворен.

– На 27 април пратив порака до тогашниот премиер Никола Груевски, но не знам што посебно сум кажал во таа порака што веќе Заев не го кажа на пресот и нешто што не го знаеше јавноста – изјави Вељаноски.

Тој рече дека обвинителството го товари за 4 дејствија што ги презел на 27 април.

– Мојот телефон беше вештачен во ноември, а во јануари дадов исказ и ми го вратија. По година дена покренуваат обвинение против мене, а за 33 лица покренаа три месеци откако ми го зедоа телефонот. Од кои причини дури сега покренуваат обвинение како да сум терорист? Пред да одлучите за имунитетот да имате претстава зошто се бара. Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спотивни на законот, посебно за колеги пратеници – рече Вељаноски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...