Горан Мисовски донесе камен во Собранието како спомен од крвавиот четврток

356

Пратеникот Горан Мисовски на денешната седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања извади камен, кој го чувал од времето на крвавите настани на 27 април во Собранието, а тоа предизвика револт кај опозициските пратеници.

Мисовски на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им рече дека со каменот сакале да ги убијат на 27 април, а Ане Лашковска од ВМРО – ДПМНЕ го обвини Мисовски дека со каменот покажал кон нејзина колешка и го праша како го внел каменот покрај обезбедувањето.

Павле Богоевски, претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања на која се расправа за имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски, даде пауза за да се смират раскараните пратеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...