Не добиле пијалок па го демолирале угостителскиот објект

Полицијата соопшти дека двајцата збеснале откако биле одбиени да бидат услужени од кенлерот и почнале да го кршат инвентарот, да превртуваат маси и да фрлаат со маси и столови по останатите присутни гости во објектот, по што излегле од објектот.

503

Двајца гости ноќеска демолирале угостителски објект на булевар Србија откако вработениот не им донел пијалок бидејќи му истекло работното време. Повредени се повеќемина.

Полицијата соопшти дека двајцата збеснале откако биле одбиени да бидат услужени од кенлерот и почнале да го кршат инвентарот, да превртуваат маси и да фрлаат со маси и столови по останатите присутни гости во објектот, по што излегле од објектот.

На повреди се пожалиле повеќе лица, но само В.Н. (45) од Скопје побарал лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...