Од вечерва силен североисточен ветер и пад на температурите

219

Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север во текот на ноќта и утре ќе дува силен североисточен ветер кој наместа ќе достигне брзина од 90 до 100 километри.

Синоптичарите за утре најавуваат и повремени врнежи од снег, особено претпладне, а на повеќе места ќе се формира помала снежна покривка. Дневната температура значително ќе се намали. Така веќе утре минималните температури ќе се движат од -9 до 0 степени, а дневните од -6 до 3 степени.

Од недела ќе следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...