Француските бискупи се согласија да исплатат финансиска отштета на жртвите на злоставувањето.
– Принципиелно се договоривме околу тој финансиски аранжман – изјави Винсент Нејмон, шеф на ресорот за комуникација при Француската бискупска конференција.
Тој изрази надеж дека системот за исплата на отштета на жртвите ќе се воспостави најдоцна за една година, пренесува Фена.