Викендов натпревар во уметничко лизгање во Скопје

221
Arbnora Memeti Sloboden pecat

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи Третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2019“.

На мразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ своите вештини ќе ги демонстрираат вкупно 73 натпреварувачи од земјава, потоа од Србија и Бугарија, на возраст од 5 до 25 години.

Настанот започнува вечерва во 19 часот со извлекување на стартните броеви на учесниците, по што ќе следува свеченото отворање на престижниот спортски натпревар.

Потоа љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да уживаат во вештините на натпреварувачките во три интерпретативни категории. За во сабота се закажани натпреварувачките категории.

„Организацијата на ваков натпревар претставува големо задоволство, но и огромен предизвик за нас како федерација, со оглед на тоа што уметничкото лизгање сè уште не е доволно популаризирано во нашата држава. Сепак, еве веќе трета година по ред со голем ентузијазам го организираме Skopje on Ice. За нас ветер во грб е големиот интерес на публиката и се разбира интересот на сè поголем број деца и млади активно да се занимаваат со овој спорт“, вели претседателката на Федерацијата за лизгачки спортови, Цветанка Макаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...