МВР: Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи

552

Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните, соопшти МВР, откако на социјалните мрежи од синоќа се шират статуси во кои се пишува дека на дел од исчезнатите лица при пронаоѓањето им недостасувале органи, односно дека можеби се работи за трговија со органи,

Од оваа институција потенцираат дека ја гарантираат безбедноста на граѓаните!

– Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста – велат од МВР.

Од таму потенцираат дека статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94 отсто .

– Апелираме уште еднаш за воздржување од шпекулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста. За оние пак кои со очигледна намера ја вознемируваат јавноста, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите, стои во соопштението на МВР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...