Котевски: Барањето на премиерот за моја оставка ќе биде реализирано ВИДЕО

4927

Брањето на премиерот е конечно и тоа ќе биде реализирано, изјави за Плусинфо директорот на затворот „ Шутка“ Ѓоко Котевски откако премиерот Зоран Заев во изјава за медиуми побара оставка од Котевски по инцидентот во затворот каде беа истепани екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

– Барањето на премиерот е конечно и тоа ќе биде реализирано. Се надевам дека ќе има простор да ја завршам истрагата и дека ќе се покажат сите недостатоци кои веќе ги увидовме и потоа ќе биде реализирано барањето на премиерот – ни изјави Котевски.

Заев оставката од директорот на затворот ја очекува најдоцна до понеделник. Котевски не сакаше да одговори дали се слушнал со премиерот.

Зад ваквата одлука застана и министерката за правда Рената Десковска.

– Случајот заслужува и ќе има истрага. Треба да се види дали и каде е направен пропуст. Мора да има одговорност кој дозволил да има близок контакт меѓу овие две групи, без разлика дали тоа е вообичаена пракса или не. Во конректнава ситуација треба да се прави проценка за одредени ризици – рече министерката Дескоска.

Синоќа директорот на затворот „Шутка“ изјави дека Управата на истражниот затвор веднаш ќе почне истрага, согласно протоколите за работа, за да испита дали е направен некаков пропуст и доколку биде утврден пропуст од припадниците на затворската полиција или на другите служби ќе биде покрената соодветна истрага и ќе биде побарана дисциплинска одговорност.

Котевски синоќа рече дека и Јанакисеки и Спировски биле прегледани од страна на лекар во затворот, веднаш по физичката пресметка која се случила за време на прошетката денеска околу 13 часот.

Котевски објасни дека постојат видео камери, надзор од овластени лица кои вршат мониторинг на тој простор и се прибавуваат изјавите.

– Во тоа шеталиште не биле само двете лица, туку и други лица кои се сместени во тие соби. Лицата кои се во тие соби не се ниту за исти дела, се водат различни постапки. Да почекаме да видиме што ќе покаже истрагата. Не сакам да прејудицирам сега како ќе биде – истакна директорот.

За тоа дали можел инцидентот да се спречи, Котевски истакна дека еден затворски полицаец е распореден на работна позиција на мониторинг на тие шеталишта. Според него, безбедноста на затворот „Скопје“ е на највисоко ниво.

На сосијалните мрежи, пак, Мухамед Красниќи алијас командант Малишева им честиташе на напаѓачите на екс министрите Јанакиески и Ристевски.

– Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, пишува Красниќи.

На Јанакиески завчера му беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април“. За истиот случај притвор доби и поранешниот министер Спиро Ристовски.

Од ГОБ „8-ми Септември“ попладнево потврдија дека кај нив бил примен Миле Јанакиески, но оти не му биле констатирани телесни повреди.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...