Малолетник е пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако го нападнале група непознати на улица Атанас Митов во Скопје.
Полицијата соопшти дека групата го пресретнала момчето вчера попладне и побарала од него пари. Откако им кажал дека нема пари, тие го турнале и со тврд остар предмет му нанеле убодна рана во десната нога, пренесе полицијата.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.