Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и го честита раѓањето на синот на премиерката Ана Брнабиќ.
– Им честитам на Ана и Милица, им посакувам Игор да биде жив и здрав! Да биде паметен, среќен и успешен – посака Вучиќ.
На прашање на водителката на ТВ Прва дали ги видел социјалните мрежи и одредени фото-монтажи на Инстаграм во врска со Брнабиќ и раѓањето на нејзиниот син, Вучиќ одговори дека ги нема видено, но слушнал дека има некои непримерни коментари.
Тој додаде дека тие кои зборуваат лошо за детето на Брнабиќ, само покажуваат какви личности се.
ФОТО: Принтскрин / Дамир Дервишагиќ