Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин во Москва, на 27. февруари, соопшти Канцеларијата на Нетанјаху.
Тема на разговорите ќе бидат проблемите на Блискиот Исток, особено во Сирија.
Двајцата лидери имаа закажано состанок оваа недела, но тој е откажан без објаснување.
Од Кремљ исто така е потврдено дека Нетанјаху и Путин ќе разговараат за Блискиот Исток, вклучувајќи ја и Сирија.