Во протестите во Каталонија 34 лица повредени, четворица уапсени

115

Триесет и четири лица, меѓу кои 12 полицајци, се повредени во судирите помеѓу полицијата и приврзаници на независноста на Каталонија, кои денеска ги блокираа  главните сообраќајници – автопатишта, улици и железнички пруги ширум тој шпански регион.

Регионалната полиција во Барселона соопшти дека привела четири лица кои пружале отпор кога полицијата се обидела да ги растера групите демонстранти.

Генералниот штрајк го организираа синдикати и студентски здруженија, кои бараат независност за Каталонија.

Тие бараат и подобра социјална политика, вклучувајќи 35-часовна работна недела и зголемување на минималната плата, но протестите дополнително се предизвикани од незадоволството кон централната власт поради судењето на лидерите на каталонските сепаратисти.

Резултатите од последните анкети покажуваат дека 7,5 милиони жители на Каталонија се поделени во однос на прашањето за отцепување од Шпанија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...